Кари повреден го напушти теренот

0

Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Сан Антонио во текот на ноќта но, останаа без Стеф Кари кој мораше да го напушти теренот уште во третата минута откако ја повреди ногата или поточно го извитка глуждот. Неговиот соиграч Дејмонд Грин јасно ја виде целата ситуација и се обиде да објасни што се случи под кошот.

„ Секогаш сте загрижени кога Кари ќе се повреди. Толку пати му се случило тоа што веднаш знаете по неговата реакција дека станува збор за нешто сериозно.Веднаш се забележува дали може да продолжи или не“ – вели Грин.

Во отсуство на Кари прва ѕвезда на теренот беше  Кевин Дурант кој постигна14  поени во серија во последната четвртина.

Share.

Leave A Reply