Кари: сакам да напредувам

0

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, по победата против Милвоки во текот на ноќта, вели дека многу се насладува на кошарката и покрај променливите игри во тековнава сезона во НБА-лигата.

„Се обидувам да продолжам да напредувам за да станам уште подобар. Работам на самодовербата и на мојот менталитет. Генерално, имаме лоша сезона но, сакаме да ги надминеме сите потешкотии “ – вели Кари.

33-годишниот играч во тековнава сезона има просек по натпревар од 29,7 поени, 6 асистенции и 5,5 скока

Share.

Leave A Reply