Кармело Ентони сеуште се надева на заминување од Њујорк

0

Лидерот на Њујорк Никс Кармело Ентони сеуште се надева дека ќе ја смени клупската средина пред почетокот на сезоната 2017/18.

Според информациите на „ESPN“, кошаркарот очекува претседателот на клубот Стив Милс му кажал на новиот генерален менаџер Скот Пери во најкус можен рок да ги продолжат разговорите за трансфер на Кармело, кои можат да го испратат во Хјустон Рокетс или Кливленд Кавалирс.

Медиумите потсетуваат дека по смената на Фил Џексон, раководните фактори во Никс изразиле надеж дека промената ќе го убеди 33-годишното крило да остане во „Медисон Сквер Гарден” барем уште една сезона, па дури и ги замрзнаа преговорите со други клубови, но по се изгледа дека самиот играч сака да си замине , а најверојатна дестинација е Хјустон Рокетс, каде ќе формира ударно трио со Џејмс Харден и Крис Пол.

Share.

Leave A Reply