Кармело Ентони си заминува од Хјустон

0

Кармело Ентони го напушта Хјустон по само 10 натпревари. Веста беше потврдена од клубот, откако генералниот менаџер Дарил Мори излезе со посебна порака на оваа тема.

„Ракетите“ сепак нема да брзаат со пуштањето на некогашната суперѕвезда на Денвер и Њујорк, па ќе им овозможат на претставниците да му побараат тим кој може да им донесе некоја замена за Кармело.

„По многу внатрешни дискусии, Хјустон ќе се раздели со Кармело Ентони и работиме на решавање на ситуацијата. Кармело беше одличен за време на неговиот престој тука и ја презеде секоја улога што Мајк Дантони му ја даде. Она што го замисливме кога се договаравме со Ентони едноставно не успеа. Решивме дека е најдобро за сите да замине од клубот”, изјави Мори.

34-годишниот кошаркар одигра 10 натпревари во дресот на „ракетите”, во кои имаше по 13.4 поени, 5.4 скока и 0.5 асистенции и 40.5% успешност во шутот од игра и 68.2% од линијата за слободни фрлања.

Share.

Leave A Reply