Откако ги заврши годинешните настапи со Оклахома Сити Тандер по елиминацијата уште во првиот круг од плеј-офот, Кармело Ентони веќе размислува за следната сезона.
Иако многумина прогнозираа дека тој ќе замине во пензија, Ентони пред новинарите потенцира дека сака да го продолжи договорот со клубот на најмалку уште една сезона. На крајот на сезоната, Кармело може да ја искористи можноста и да го продолжи договорот со Оклахома и за следната сезона за сума од 28 милиони долари, а во спротивно може да стане и слободен агент.
33-годишниот кошаркар ја заврши сезоната со просек од 11,8 поени по меч и 5,8 скока.