Карвахал ќе добие нов договор со Реал

0

Дефанзивецот на Реал (М), Даниел Карвахал, е многу блиску до постигнување на нов договор за соработка со мадриѓани. Тренерот Зидан е задоволен од неговите перформанси и сака да го задржи во екипата на подолг рок.

Засега и Карвахал не размислува за промена на средината, иако за него се заинтересирани неколку клуба како Манчестер Сити и Арсенал. Гвардиола дури и инсистирал кај своите скаути да поработат на можниот трансфер на Карвахал во Сити ова лето.

Сепак, Реал смета на Карвахал како на стандарден првотимец, кој оваа сезона настапи на 12 од вкупно 16 меча на Реал во Ла Лига. Актуелниот договор со „кралевите“ му истекува во 2020 година.

Share.

Leave A Reply