Карвахал почна да тренира со останатиот дел од репрезентацијата

0

Даниел Карвахал се приклучи на останатиот дел од репрезентацијата на Шпанија и е веќе во тренажен процес.

Десниот бек на Шпанија успешно се врати по повредата на неговиот бутен мускул која ја заработи за време на финалето од Лигата на шампионите.

Сепак, селекторот Лоптеги најверојатно нема да користи Карвахал во првиот натпревар против Португалија во петок, чувајќи го за следните натпревари на СП.

Затоа селекторот на Шпанија нема да мора да го замени фудбалерот на Реал Мадрид со некој од Хесус Ваљехо и Родриго Ернандез, кои ги повика во Русија во случај Карвалал да не ја санираше повредата на време.

Share.

Leave A Reply