Карвахал се чуствува подобро и можно е скоро враќање на теренот

0

Дефанзивецот на Реал Мадрид Даниел Карвахал ќе се врати на фудбалскиот терен повторно. Според извори на весникот„АС“, перикардијалната инфекција исчезнала.

Сепак, од лекасркиот тим на Реал нема да брзаат со дозвола да игра. Проблемот е што кај избрзаното враќање и оптоварување вирусот повторно може да се појави или да предизвика аритмија.

Весникот „АС“, уверува дека Дани повторно ќе тренира и ќе игра фудбал наскоро. Во Шпанија потсетуваат дека пред две децении тогаш 24-годишниот Аитор Каранка страдаше од слична инфекција и беше надвор од теренот околу четири месеци. Според најавата ова нема да се случи и со Карвахал.

Share.

Leave A Reply