Уругвајскиот дефанзивец Мартин Касерес го потврди заминувањето од Јувентус. Тој пристигна во Торино во јануари, за да го замени Меди Бенатија, откако Мароканецот беше продаден во Катар.
Дефанзивецот одигра 9 натпревари и го освои Скудето со „Бјанконерите”. Договорот на Касерес истекува овој месец и нема да се обновува.
„Моето семејство се „бјанконери“, а син ми Лео, е роден во Торино и е голем навивач на Јувентус исто како ќерка ми, Мартина. Искуството во Торино никогаш нема да го заборавам”, напиша 32-годишниот Касерес на „Инстаграм“.