Легендарниот голман Икер Касиљас го одигра натпреварот број 1000 во својата кариера. Ова се случи синоќа при вчерашниот пораз на Порто од Белененсес со 2:0 во португалскиот шампионат. Ова беше втор пораз во последните три натпревари за Порто.
Касиљас има 725 натпревари за Реал Мадрид, 108 за Порто и 167 за репрезентацијата на Шпанија. Со своите 1000 средби тој е втор Шпанец во ова рангирање. Прв е Раул, кој ја заврши својата кариера со 1033 натпревар, а трет е Андони Зубизарета (968) и Чави (956).
Почетокот на кариерата на Касиљас е доста интересен. На 26 ноември 1997 година тој со само на 16 години дебитираше за својата екипа. Беше потребно да ги пропушти часовите во училиште, бидејќи беше повикан од Јуп Хајнкес во првиот тим на Реал Мадрид. Другите двајца голмани – Бодо Илигер и Сантијаго Канизарес беа повредени. Така, Касиљас за прв пат беше дел од првиот тим на Реал Мадрид. Неговото деби за кралскиот клуб беше на 12 септември 1999 година, против Атлетик Билбао.
Со Реал Мадрид Касиљас пет пати ја освои шампионската титула, два пати Купот на кралот, четири пати Суперкупот на Шпанија, три пати Лигата на шампионите, два пати Суперкупот на Европа, еднаш светското клубско првенство и еднаш Интерконтиненталниот Куп. Со Шпанија еднаш беше светски шампион (2010) и двапати европски шампион (2008, 2012).