Кастратовиќ ги изненади сите, си поднесе оставка во Металург

0

Ракометниот клуб Металург очигледно е пред нова криз, повторно во Автокоманда ќе мора да бараат решение за тренерската позиција.

Тимот на Металург вчера забележа тешка победа против младата екипа на Вардар Јуниор и покрај тоа што важеше за голем фаворит. По мечот тренерот Зоран Кастратовиќ донесе неочекувана одлука и си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на тимот.

Искусниот стратег на клупата на Металург седна пред нешто повеќе од еден месец, а од него се очекуваше дека ќе го врати тимот на вистинскиот колосек. Нема ништо конкретно за тоа која е причината за оваа негова одлука за предвремена разделба.

Металург ќе мора веднаш да реагира  затоа што го чека реванш натпреварот со Горење Велење за пласман во групната фаза од ЕХФ Купот. Сезоната за Металург почна со српскиот тренер Дамир Стојановиќ, за да потоа биде ангажиран Кастратовиќ, но сега ќе мора да се бара ново решение за клупата на овој наш ракометен тим.

Share.

Leave A Reply