Ракометарите на Металург со пораз се враќаат од гостувањето во Тулуз во рамките на првиот натпревар во Европската лига на ЕХФ. Стратегот Зоран Кастратовиќ на прес-конференцијата по средбата вели дека ако се суди според дел од играта, тимот од Автокоманда имаше што да покаже на оваа средба.
„Му честитам на противникот за победата. Ние дојдовме по добар резултат, знаевме дека ќе бидат без плејмејкерот од Холандија. Но, не успаевме во тоа поради лошото ниво на концентрација. Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки, не ја сопремвме нивната транзиција. Нашата одбрана 6-0 не беше добра денес како на претходните натпревари. Би сакал да му честитам на мојот тим за енергијата на овој меч, кој, за жал, го загубивме. Ама имаме уште девет натпревари во Европската лига да играме подобро“, рече Кастратовиќ по мечот.