Катар има големи амбиции како домаќин на Мундијалот

0

Катар кој ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2022 година ќе се обиде да го подигне квалитетот на лигата и на репрезентацијата за да може да биде конкурентен со другите селекции.

Катарците за таа цел планираат да издвојат голема сума на пари а како приоритет ќе им биде ангажман на квалитетен тренер. Шеикот, Тамим бин Хамид Ал Тани, сака да го ангажира, Французинот, Зинедин Зидан, за кого ќе бидат одвоени 200 милиони евра.

Луѓето од Катар покрај ангажманот на искусниот тренер кој со Реал Мадрид три пати ја освои Лигата на шампионите, размислуваат да натурализираат и голем број на фудбалери.

Share.

Leave A Reply