Кавани дефинитивно ќе го напушти – „Паркот на принцовите“

0

Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во аргентинскиот состав Бока Јуниорс откако ќе се создадат услови да продолжи фудбалската сезона.

Според весникот – „Овасион“ од Уругвај,  голгетерот кој 13 години игра на Стариот континент сака да се врати во Јужна Америка и тоа на стадионот – „Бомбоњера“. Најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ кој има дадено 200 гола на 300 меча, во текот на летото ќе си замине како слободен играч откако ќе му заврши договорот.

Според напишаното, корпулентниот фудбалер во неколку наврати изјавил дека сака да игра за Бока бидејќи му се допаѓа атмосферата што ја создаваат навивачите на аргентинскиот фудбалски гигант.

 

Share.

Leave A Reply