Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани, кој ја одработува последната сезона од договорот со „светците“, има наводно усмен договор со луѓето од Атлетико Мадрид, објавија денеска медиумите во Франција.
„10 Спорт“, открива дека корпулентниот фудбалер кој нема да добие нов договор за да остане на „Паркот на принцовите“, донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Според напишаното, Атлетио Мадрид му понудил тригодишен договор на Кавани со одлични услови а тој прифатил да го напушти Париз и да замине во Примера Дивизион.
Сега останува францускиот шампион да одлучи дали ќе ја прифати понудената сума од 15 милиони евра за да го ослободи Кавани уште во зимскиот преоден рок.