Кавани го одбил Интер-Мајами, опција му е Рома или Барселона

0

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани, кој наскоро ќе стане слободен агент, ја одби понудата од американскиот тим Интер Мајами, чиј сосопственик е Дејвид Бекам, пренесува „Калчомеркато“.

Уругвајскиот репрезентативец планира да остане во Европа и го разгледува предлогот на италијанската Рома.

Во минатата сезона Кавани одигра 22 натпревари за ПСЖ, во кои постигна 7 голови и 3 асистенции. Претходно беше објавено дека напаѓачот може дури и да се пресели во Барселона, бидејќи Каталонците бараат нов напаѓач откако се откажаа од Лаутаро Мартинез од Интер.

Share.

Leave A Reply