Францускиот шампион ПСЖ се надева дека ќе успее да го продолжи договорот со напаѓачот Единсон Кавани .
ПСЖ ќе потпише нов договор со уругвајскиот напаѓач за една година. Кавани веќе доби усна понуда, а официјалните преговори ќе започнат наскоро.
Кавани игра за ПСЖ од летото 2013 година, кога дојде од Наполи. Трансферот изнесуваше 64,5 милиони евра, а минатата сезона, 32-годишниот Уругваец одигра само 21 натпревар во пренството, затоа што во добр дел од сеозната се мачеше со повредите.
Претходно беше објавено дека Кавани може да оди во Атлетико Мадрид, но очигледно од овој трансфер нема ништо.