Челниците на Челзи планираат да испратат понуда од 50 милиони фунти за напаѓачот на ПСЖ Едисон Кавани, објавија дел од медиумите во Англија. 31-годишниот фудбалер за францускиот тим одиграл 262 меча и постигнал 183 гола.
Уругваецот кој има договор до 2020 година, добива 16,5 милиони фунти по сезона што го прави еден од најплатените играчи во францускиот шампионат. Ќе потсетиме дека корпулентиот напаѓач претходно беше страв и трепет и за голманите во Италија додека настапуваше во Серија „А“. Тој во дресот на Наполи постигна 104 голови во 138 натпревари.
Единствен проблема за можниот трансфер преставуваат годините на Кавани бидејќи Челзи не им нуди долгорочни договори на играчите кои имаат повеќе од 30 години.