Кавани може да го засили тимот од „Винсенте Калдерон“

0

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, сака да го освежи нападот откако во 15 кола во Примера Дивизион неговиот тим постигна скромни 16 голови.

Според медиумите, главна трансферна цел на „јорганџиите“ ќе биде корпулентниот напаѓач на ПСЖ, Едисон Кавани. Голгетерот од Уругвај кој ја реализира последната сезона од договорот со „светците“ во меѓувреме по доаѓањето на Мауро Икардио го загуби и местото во првата постава

Затоа се претпоставува дека шпанскиот тим ќе се обиде да го ангажира Кавани со поволна понуда уште во зимскиот трансфер период или шест месеци пред да му истече договорот.

 

Share.

Leave A Reply