Кавани може да си замине од ПСЖ по крајот на сезоната

0

Напаѓачот на ПСЖ Едисон Кавани може да го промени тимот по крајот на оваа сезона.

Како што објави „Франс фудбал“, неколку клубови се заинтересирани за Уругвајскиот интернационалец . Меѓу нив на списокот се Челзи, Наполи и Атлетико Мадрид. Тие веќе контактирале со парижаните за да разговараат за евентуалниот договор.

Договорот на Кавани со ПСЖ е со важност до летото 2020 година. Сумата која е во неговата откупна клаузула е во висина од 50 милиони евра.

Share.

Leave A Reply