Кавани сака да остане во ПСЖ и да потпише нов договор

0

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани чека да потпише нов договор со клубот. Уругвајскиот репрезентативец прими неколку понуди од клубови кои сакаат да го привлечат како слободен агент по завршувањето на сезоната. Сепак, тој би сакал повеќе да го продолжи договорот со парижаните.

Весникот „L’Equipe“ пишува дека Кавани е подготвен да ја намали својата плата за 40% за да остане во ПСЖ. Тој во Париз добива 16 милиони евра годишно, а Интер му нуди 5 милиони по сезона да го засили нивниот тим.

За време на тековната сезона, Кавани одигра 22 натпревари и 7 гола во сите натпреварувања. Главен проблем за тоа беа бројните повреди кои ги имаше, кои донесоа до тоа да го загуби местото во стартниот состав, на сметка на Мауро Икарди кој дојде на позајмица од Интер.

Share.

Leave A Reply