Еден од најдобрите центри во кошаркарската НБА лига, ДеМаркус Казинс, во наредната сезона ќе го носи дресот на екипата на Голден Стејт.
Тој откако потпишал договор за една година кој е вреден 5,3 милиони долари, ќе им се придружи на големите ѕвезди: Кари, Дурант, Томпсон и Грин.
ДеМаркус Казинс е во процес на рехабилитација откако заработи повреда на ахиловата тетива. Според прогнозите на лекарите, тој ќе биде комплетно подготвен до стартот на новиот шампионат.