Казинс набрзо може да се врати на теренот

0

Тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, Стив Кер, најави дека Демаркус Казинс, може да дебитира за шампионскиот состав на 18 јануари на средбата со Лос Анџелес Клиперс во рамките на новата рунда во НБА лигата.

Кошаркарот кој е висок 211 сантиметри не игра речиси една година откако ја повреди ахиловата тетива додека го носеше дресот на екипата на Њу Орлеанс. Казинс кој во текот на изминатото лето потпиша за Голден Стејт, пред околу две недели започна со интензивни тренинзи.

Голден Стејт кој досега има 27 победи, во моментов се наоѓа на второто место во Западната конференција.

Share.

Leave A Reply