Кејн е фудбалер на годината на Англија

0

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, беше избран за “Фудбалер на годината” на Англија. Тој доби 75 проценти од гласовите на навивачите во годинашениот избор.

24-годишниот Кејн постигна вкупно 56 гола за Тотенхем и репрезентацијата на Англија во 2017 година и заврши како водечки голгетер во Европа за календарската година. Седум од овие 56 погодоци Кејн ги постигна и за репрезентацијата на Англија.

Награда за “Најдобар фудбалер до 21 година” ја доби голманот на Евертон Џордан Пикфорд, кој во 2017 година дебитираше за првиот состав на Англичаните.

Share.

Leave A Reply