Кејн ќе ја има улогата на капитен во тимот на САД

0

Напаѓачот на Чикаго, Патрик Кејн, ќе биде капитен на националниот тим на САД на Светското првенство во хокеј на мраз кое ќе се реализира во месеј мај во Данска.

29-годишниот Кејн учествувал само еднаш на светските шампионати и тоа во 2008 година кога  дебитираше во екипата на Чикаго во НХЛ лигата. Кејн во 2010 година стигна до сребрен медал на Олимпијадата во Ванкувер.

Тренер на Американците ќе биде Џеф Блашил кој во НХЛ го води тимот на Детроид а негови помошници ќе бидат Дан Балсма, Дон Гранато и Сет Аперт.

Share.

Leave A Reply