Хари Кејн кој е капитен на Англија и воедно најдобар стрелец на Мундијалот во Русија, планира да се појави во финалниот меч. Напаѓачот на Тотенхем очекува неговата земја да излезе како победник по средбата со Хрватска.
„Ние сме пример за многу млади. Како професионалец, знам дека имам значајна улога како на теренот така и надвор од него. Треба да ги инспирираме луѓето и децата кои го гледаат турнирот “ вели Кејн.
„Многу сум горд што сум тука за да го водам тимот со капитенската лента. Никој не сака да се врати дома. Ние сме на само еден чекор од најголемиот натпревар за секој професионален фудбалер” – рече Кејн.