Големата фудбалска ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн, ќе упати лично барање до претседателот на клубот Даниел Леви, да ги разгледа понудите што ќе пристигнат во текот на летото и да му дозволи да си замине од тимот.
По вчерашниот пораз од Лидс, јасно е дека „спарси“ нема да обезбедат место во Лигата на шампионите за наредната сезона што дополнително го мотивира Кејн да пронајде нов клуб со кој ќе игра во европската елита.
Наводно Леви, поставил цена од 175 милиони фунти за потписот на напаѓачот и тоа само за тимови надвор од Англија бидејќи не сака да го продаде во конкурентски состав од Премиер-лигата.