Кејт сака да постави рекорд на патеката во Лондон

0

Втората најбрза жена во маратонот на сите времиња, Мери Кејт, верува дека може да го нападне светскиот рекорд на Лондонскиот маратон .

„Тренирам доволно. Подготвена сум да се натпреварувам в недела. Ако времето е добро за нас,  мислам дека ќе дадеме голем резултат“ рече 35-годишната Кенијка.

Светскиот рекорд е 2:17:42 часа и беше поставен од Пола Редклиф во Лондон во 2005 година. Кејт изјави дека ќе работи заедно со сонародничките Флоренс Киплагат и Вивиен Черјот за да го соборат врвно достигнување на планетава.

Share.

Leave A Reply