Кејтлин Бејкер постави нов светски рекорд на 100 метри грбно

0

Олимпискиот вице-шампион од Рио 2016 Кејтлин Бејкер од САД постави нов светски рекорд на 100 метри грбно на Националното пливачко првенство.

21-годишната Бејкер ги натера мерачот на време да застане на точно 58,00 секунди.

Претходното достигнување беше 58,10 секунди од канадската оливачка Кајли Мас која го постави минатата година на Светското првенство.

Бејкер, која стана национална шампионка и на 200 метри грбно, постави и нов рекорд на САД на пократката дистанца, откако го подобри постигнувањето на Миси Френклин од јуни 2012 година.

Share.

Leave A Reply