Келн ќе биде домаќин на Ф4 турнирот од Евролигата следната сезона

0

Кошаркарската Евролига го потврди Келн како град домаќин на фајнл-фор турнирот во Евролигата во 2021 година. Арената Ланксес првично требаше да биде место на Фајнл Фор во 2020 година, но поради пандемијата, Келн ја добива организацијата на завршниот турнир една сезона подоцна.

Келн ќе стане епицентар на меѓународната кошарка од 28 до 30 мај 2021 година, а „Ланксес Арена“, која веќе 21 година е домаќин на големи спортски настани, е сцената на која ќе се круниса новиот шампион во Евролигата.

Share.

Leave A Reply