Кер: се гледа напредок во нашата игра

0

Голден Стејт во тековнава сезона во НБА лигата има разочарувачки ефект од четири победи и дури 17 порази. Тој ефект очигледно не го загрижува тренерот, Стив Кер, кој по натпреварот со Орландо, изјави,  дека неговите кошаркари ќе влезат во победнички ритам.

„Имавме добар меч. Се гледа дека напредуваме, се надевам дека набрзо ќе ги имаме посакуваните успеси“ – потенцираше тренерот на минатогодишниот финалист во НБА лигата.

„Не очекува напорна работа. Сега играме многу подобро споредено со почетокот на сезоната. Очекувам да ја надминеме најтешката фаза“ – потенцираше Кер.

Share.

Leave A Reply