Кери ќе го посети Копенхаген, Данците посакуваат трка во Ф1

0

Главниот град на Данска, Копенхаген, има реални шанси да биде организатор на трка во Формула 1, објавија дел од медиумите.

Сопственикот на Ф1, Чејс Кери ќе пристигне на 10 јануари во Данска и ќе се сретне со раководните лица на данската федерација. Проектот е инспирирани од трката во Азербејџан на патеката во Баку која се одвива низ улиците  на градот.

Доколку се реализираат најавите, Данска од 2020 година може биде организатор и да влезе во предвидениот календар. Ќе потсетиме, единствениот Данец во Формула 1 е Кевин Магнусен кој настапува во болидот на Хас-Ферари а претходно беше дел и од Мекларен и Рено.

 

 

 

Share.

Leave A Reply