Кевин Де Бруин останува во Манчестер Сити до 2025 година

0

Можеби најголемата sвезда во сегашниот состав на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, конечно потпиша нов договор со „граѓаните“.

Претходниот договор истекуваше во 2023 година, а новиот договор е продолжен за уште две сезони – до летото 2025 година. Плејмејкерот во јуни наполни 30 години, што значи дека најверојатно ќе остане на „Етихад“ до крајот на кариерата.

Според медиумите на островот Де Бруин, ќе добива повеќе од 300.000 фунти неделно, а во оваа сума не се вклучени дополнителни бонуси. Ова го прави Белгиецот еден од најдобро платените играчи во Премиер лигата.

„Не можев да бидам посреќен. Откако се приклучив на Сити во 2015 година, овде се чувствував како дома. Ги сакам навивачите, моето семејство се смести во Манчестер и мојата игра поминува навистина добро во овој тим. Клубот е осуден на успех, ми нуди се што е потребно за да се претставам што е можно подобро, така што потпишувањето на овој договор е многу едноставна одлука. Го играм најдобриот фудбал во мојата кариера. Пеп и јас ја гледаме играта на ист начин” рече Де Бруин по потпишувањето на новиот договор.

Share.

Leave A Reply