КФМ ги прогласи најдобрите за 2019 година

0

Карате федерацијата на Македонија вчера на посебна свеченост ги прогласи најуспешните клубови, тренери и натпреварувачи за 2019 година.

Најуспешен клуб кај сениорите е Штип додека најуспешен тренер е Сашко Арсовски. Најуспешен клуб во младинска конкуренција е Макпетрол – Скопје а најдобар тренер е Бошко Заборски. Добитници на главните награди во категоријата сениори за 2019 се следниве: Кумите сениори машки: Емил Павлов, Берат Јакупи и Жарко Арсовски. Кумите сениори женски: Драгана Манговска, Моника Стефановска и Наташа Стефановска.

Ката сениори машки: Ферик Исиќ, Јован Васиќ и Христијан Димитријевски.Ката сениори женски: Пулексенија Јованоска, Кристина Каламукоска и Матеа Талеска

 

Share.

Leave A Reply