Кошаркарската федерација на Македонија го наплати ваучерот добиен од Агенцијата за млади и спорт во вредност од 5.535.000 денари како донација од Државната видео лотарија на Македонија.
Згора на тоа КФСМ ќе добие и дополнително спонзорство од 10.000 евра. Првиот човек на нашата кошарка, Перо Антиќ и претставничката на Државната видео лотарија Вики Чадиковска на средба со новинарите ги открија сите детали од договорот.
„Државната видео лотарија ќе ја помогне КФСМ со 6.150.00 денари. Дел од парите ќе бидат спонзорство дел ќе бидат донација. Големо е задоволството да се има партнер како Државна видео лотарија која прва застана зад нас. Парите ќе бидат поделени на сите селекции а најмногу на сениорската“ – изјави Антиќ.