КФСМ: Нема услови во корона-криза да се одржи редовното собрание

0

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) донесе одлука да го одложи редовното годишно собрание кое според планот требаше да се одржи до крајот на овој месец.

Од федерацијата посочуваат дека поради ситуацијата со пандемијата со коронавирусот и мерките за претпазливост кои ги наложуваат здравствените власти, нема услови за одржување на ваков вид собрание, и истото ќе биде закажано веднаш штом ситуацијата со кризата се стабилизира.

Минатата недела КФСМ донесе одлука за поништување на тековната кошаркарска сезона, а тоа наиде на остри реакции од лидерот на табелата МЗТ Скопје, кој бараше да биде прогласен за шампион, а воедно најавија иницијатива за смена на претседателот Перо Антиќ.

Share.

Leave A Reply