КФСМ пред новинарите со детали за Ревизорскиот извештај

0

Кошаркарската федерација на Македонија на денешната средба со новинарите, информираше околу деталите од Ревизорскиот извештај за работата на федерацијата во 2018 година и дел од 2019 година. Од КФСМ зборуваа за состојбата која ја затекнаа при преземањето на федерацијата и последните пишувања во медиумите. Од КФСМ велат дека екс-спортскиот директор Владимир Темелковски го тужи актуелното раководство на федерацијата, иако Темелковски бил разрешен од страна на Управниот одбор и добил сума од 3000 евра за три месеци по заминувањето на Наумоски и неговите соработници.

За проблемот со преземањето на салата во Кале и односот со одбојкарите, од КФСМ велат дека станува збор за недоразбирање. Од Федерацијата им честитаа на одбојкарите за добриот настап на ЕП и порачаа дека ги поддржуваат во успесите.

Share.

Leave A Reply