КФСМ пресече, нема шампион за оваа сезона!

0

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) денес со соопштение ја информираше јавноста дека е донесена конечна одлука за судбината нa Првата кошаркарска лига.

По неколку недели поминати во преговори и предлози од страна на неколку клубови и понивното изјаснување, управниот одбор на федерацијата го имаше последниот збор и денес стави крај на сите дилеми околу завршувањето на сезоната и конечната разврска околу шампионската титула.

Кошаркарската сезона и официјално е завршена, покрај тоа што имаше големи притисоци од повеќе страни  донесена е одлука и да нема шампионза оваа сезона. Исто така, нема да испадне ниту една екипа, што значи во сезоната 2020/21 лигата ќе биде проширена со две екипи кои ќе дојдат од Втората лига.

Share.

Leave A Reply