Киелини: Кејн е на ниво на Меси, Роналдо и Нејмар

0

Искусниот дефанзивец на Јувентус Џорџо Киелини со пофални зборови за напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн, со кој денес ќе се соочат во прв натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите.

Според 33-годишниот Италијанец Кејн е на нивото на Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, а е многу веројатно дека англискиот репрезентативец наскоро да премине во поголем клуб.

„Кејн е меѓу најелитните играчи во светот. Тој е на нивото на најдобрите – Меси, Роналдо и Нејмар. Тој е од играчите кои се незаменливи и сигурен сум дека Тотенхем ќе стори сé за да го задржи. Во моментов сепак ситуацијата е таква што дури и не можеш и да ја држиш цената на еден играч. Има четири или пет клуба, кои ќе платат она што е потребно за да го донесат оној кој им треба. Кејн е ѕвездата на Тотенхем, но тие не се на ова ниво само поради еден играч. Тимот е силен на секоја позиција. Тие се многу организирани и играат колективно. Ние го знаеме тоа и треба да го дадеме најдоброто од себе и во двата натпревари, подготвени за тој предизвик “, изјави Киелини.

Share.

Leave A Reply