Киеза заработи повреда на скочниот зглоб

0

Напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза се повреди на вчерашниот натпревар во Суперкупот на Италија против Наполи.

23-годишниот играч беше вклучен во почетниот состав на „бјанконерите“, но беше заменет за време на паузата, кога резултатот беше 0:0. Наместонего во игра влезе Федерико Бернардески. Во втората половина на средбата, неговиот тим дојде до победа со головите на Кристијано Роналдо и Алваро Мората.

Според „Фудбал Италија“, на Киеза му била дијагностицирана повреда на скочниот зглоб. Ова е втора ваква повреда на играчот овој месец. Минатиот пат пропушти една недела, но сега не е позната сериозноста на повредата и колку време ќе мора да паузира.

Share.

Leave A Reply