Кик-боксерите беа на прием во АМС

0

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Кавески, денеска ги прими нашите млади кои-боксери кои имаа успешен настап на последното Европско првенство  за кадети и јуниори кое беше реализирано во СЦ Борис Трајковски во Скопје. На приемот покрај дел од натпреварувачите беа присутни и Претседателот на федерацијата кој е воедно  и селектор, Дејан Митровски – Урко и тренерот, Драган Атанасовски.

„Ми претставува чест што имам можност да ги примам младите репрезентативци кои направија високи резултати на последното европско првенство во кик-бокс. Македонија секогаш давала големи имиња во кик-боксот.Во однос на организацијата на Европското првенство, Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека е подготвена за организација на големи настани“ изјави Каевски.

Селекторот, Митровски, кој упати благодарност до Агенцијата за млади и спорт за огромната поддршка што ја дава на федерацијата, посочи дека нареден голем настан кој ја очекува Федерацијата е Светското првенство за сениори во Будимпешта, Унгарија од 3 до 12 декември.

 

 

Share.

Leave A Reply