Кик-боксерот Илиоски ја доби наградата „13 Ноември“

0

Согласно критериумите за доделување на наградата „13 Ноември“, денеска Сојузот на спортови на Скопје ги врачи наградите на најзаслужните спортисти, трениери, екипи и спортски работници.

Наградата за спортист на град Скопје му припадна на кик-боксерот Бобан Илиоски, член на клубот Шампион од Скопје, кој оваа година освои бронзен медал на ЕП во Братислава. Неговиот тренер и селектор, Дејан Митровски ја доби наградата за најдобар тренер, додека наградата за најдобар спортски судија отиде во рацете на тенискиот арбитар Зоран Поповски.

Наградата „13 Ноември“ и припадна и на машката ракометна екипа на Вардар, како и на спортските работници Никола Тасев, Перица Крстевски и Гордана Николовска, на Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венцислав Недев за животно дело, како и на новинарот Ласте Димитриевски и најуспешниот професор по физичко и здраствено образование, Мартин Мартиновски. Посебно признание му беше доделено на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Share.

Leave A Reply