Кик-боксерот Стефановски со уште една титула

0

Македонскиот кик боксер Даниел Стефановски синоќа се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик бокс организации. Стефановски за противник го имаше Софијан Алилуше од Франција.

Македонскиот шампион Даниел Стефановски, кој е Европски и Швајцарски првак во тајландски бокс, на синоќешниот натпревар во Цирих се закити со нова светска титула.

Стефановски на синоќешниот натпревар доминираше против Францускиот противник Софијан Алилуше и му зададе катастрофален пораз уште во првата рунда. Французинот Алилуше после силнио К.О падна на колена, а Даниел Стефановски дојде до победа на натпреварот и во неговата богата колекција на титули и бројни светски и европски признанија, се закити со нова светска тутула на ИСКА.

Даниел е исто така и Европски шампион во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми, а исто така двапати по ред е шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година.

Даниел Стефановски е роден во Швајцарија, а неговите родители потекнуваат од Куманово. Првите чекори и љубовта за овој спорт ги покажал кога имал 13 години. Неговата професионална кариера ја започнал со мај-тај и кик-бокс, а во 2016 година станува шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау.

Неговите амбиции не застануваат на овие титули, туку се стремат кон нови победи и успеси во неговата професионална кариера.

Share.

Leave A Reply