Напаѓачот на ПСЖ и Франција , Килијан Мбапе се искачи на првото место во рангирањето на Форбс за најскапите фудбалери на возраст до 21 година.
Форбс ја процени неговата вредност на 183,3 милиони евра, земајќи ги предвид податоците од Трансфермаркет.
На второто место е напаѓачот на Атлетико, Жоао Феликсш , кој се проценува на 104 милиони, а трет е играчот за врска на Челзи, Каи Хаверц (98 милиони евра).
Понатаму на оваа ранг листа на најскапи фудбалери под 21 година според списанието Форбс следуваат:
- Алфонсо Дејвис (Баерн) – 88,3 милиони евра
- Матијас де Лихт (Јувентус) – 86,8 милиони евра
- Џејдон Санчо (Борусија Д) – 86,8 милиони евра
- Ерлинг Халанд (Борусија Д) – 68,3 милиони евра
- Ашраф Хакими (Интер) – 66,3 милиони евра
- Виктор Осимен (Наполи) – 63 милиони евра
- Феран Торес (Манчестер Сити) – 57,7 милиони евра