Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе беше sвезда на вечерта на гостувањето кај Баерн (Минхен) од четврт-финалето во Лигата на шампионите. Тој постигна два од гола за победа од 3:2 на „Алијанц Арена“.
По натпреварот, играчот рече дека сака вакви натпревари на кои има можност да игра против најдобрите во светот.
„Обожавам да играм против најдобрите играчи на светот, а Мануел Нојер е еден од најдобрите голмани во историјата. Не чувствував напнатост. Целиот тим играше брилијантно и го искористив тоа да постигнам два гола. Но, да не заборавиме дека ова е само прво полувреме на многу тежок судир меѓу ПСЖ и Баерн. Имаше моменти кога не бевме во добар ритам, но успеавме да се справиме со тоа како тим и да создадеме многу проблеми за противникот“ изјави Мбапе.
„Како што реков по натпреварот со Барселона, обожавам такви натпревари. Тие не секогаш се развиваат во моја корист, можеби во иднина ќе имам неуспеси, но никогаш не се кријам. Обожавам такви натпревари затоа што се одлучувачки. Бевме подготвени за предизвикот и добро се справивме”, додаде напаѓачот.