Се чини дека трансферот на Давид Алаба во Реал Мадрид е сигурен. Ова стана јасно од изјавата на неговиот соиграч во Баерн (Минхен) Џошуа Кимих по последниот натпревар против Баер (Леверкузен) во Бундеслигата.
„Давид освои сè тука и мислам дека Реал е без сомнение клуб во кој вреди да се оди. Откако сте биле во Баерн, нема многу чекори да се преземат после тоа. Реал воопшто не е лоша опција“, изјави германскиот репрезентативец.
Според „Скај Германија“, Алаба има целосно договорена соработка со шпанскиот гигант и ќе го потпише неговиот договор во рок од неколку недели. Австриецот го напушта Баерн Минхен како слободен агент.