Кинеските клубови и ПСЖ потрошија најмногу оваа зима

0

Зимскиот преоден рок во оваа 2017 година за повеќето од водечките првенства во Европа заврши. По затварањето на трансфер периодот се средуваат впечатоците и она то се случуваше на трансфер пазарот, а очигледно еден од клубовите кои добро профитираа оваа зима е Челзи, затоа што најскапиот трансфер беше купувањето на нивниот играч Оскар од кинескиот Шанфај.

Челзи го продаде бразилскиот репрезентативец Оскар на кинескиот Шангај СИПГ за 60 милиони евра, со што беше подобрено постигнувањето од 58,5 милиони евра што „сините” од Лондон го платија на Ливерпул за Торес во 2011 година во зимски преоден рок. Најмногу пари оваа зима потрошија ПСЖ и кинеските клубови. По договорот за Оскар на второ место остана германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер, премина од Волфсбург во ПСЖ за 40 милиони евра.

Бразилецот Габриел Жезус е трет, откако Манчестер Сити плати за него 32 милиони евра на Палмеирас. Првата петорка ја дополнуваат Португалецот Гонзало Гуедеш, продаден од Бенфика на ПСЖ за 30 милиони евра, и Димитри Паје, кој по одбивање да игра за Вест Хем и долгата сага се врати во Олимпик (Марсеј) за сума од 29,3 милиони евра.

Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез премина од Бока Јуниорс во Шангај Шенхуа само за 10,5 милиони евра, но се очекува да добива по 40 милиони евра по сезона, па така се претвора во еден од највисоко платените фудбалери во светот, надминувајќи ги дури Лео Меси од Барселона и Кристијано Роналдо од Реал (Мадрид).

ТОП 10 најскапи зимскиот трансфери во 2017 година
1.Оскар (Бразил) од Челзи во Шангај СИПГ (Кина) – 60 милиони евра
2.Јулиан Дракслер (Германија) од Волфсбур во ПСЖ – 40 милиони евра
3.Габриел Жезус (Бразил) од Палмеирас во Манчестер Сити – 32 милиони евра
4.Гонсало Гуедеш (Португалија) од Бенфика во ПСЖ – 30 милиони евра
5.Димитри Паје (Франција) од Вест Хем во Олимпик (Марсеј) – 29,3 милиони евра
6.Одион Игал (Нигерија) од Ватфорд во Чангчун Јатај (Кина) – 23,3 милиони евра
7.Морган Шнајдерлин (Франција) од Манчестер Јунајтед во Евертон – 22,9 милиони евра
8.Чендонг Жанг (Кина) од Пекинг Гоуан (Кина) во Хебеј (Кина) – 20,44 милиони евра
9.Аксел Витсел (Белгија) од Зенит во Тјандзин Куандзин (Кина) – 20 милиони евра
10.Леонардо Паволети (Италија) од Џенова во Наполи – 18 милиони евра

Share.

Leave A Reply