Кинезите му понудија мало богатство на Модриќ

0

„Спортски новости“ пренесе информација дека капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, добил огромна финансиска понуда да се пресели во шампионатот на Кина.

„Лука Модриќ во рацете држи неверојатна понуда. Кинезите се подготвени да му даваат годишна плата од 40 милиони евра. Секако станува за нето износ“ стои во текстот. Играчот на Реал Мадрид во моментов заработува осум милиони евра годишна плата. Доколку Хрватот ја прифати понудата и се упати во Кина, тогаш ќе биде најдобро платениот фудбалер на планетава.

Кинезите покрај финансиските услови за Модриќ ќе мораат да ја покријат и неговата клаузула за  превремено заминување од тимот на „кралевите“. Тој има договор до 2020 година.

Share.

Leave A Reply