Кинезите ставаат пари на маса за Обамејанг

0

Иднината на голгетерот Пјер Емерик Обамејанг во Борусија (Дортмунд) останува нејасна, откако во борбата за потписот на габонскиот репрезентативец се вклучи и кинескиот Тјанџин Куанџин со понуда од 80 милиони евра, соопштува францускиот весник „L’Equipe“.

Сопственикот на кинескиот клуб Шу Јухуј потврди дека ќе биде привлечен барем еден централен напаѓач од европски гигант, но не откри име.

“Веќе сме одлучиле кого ќе привлечеме во текот на летото и веќе сме се договориле усно како со играчот, така и со клубот. Сеуште не е потпишан договор. Нема да го објавуваме неговото име, бидејќи веќе сме ја направиле таа грешка со прогласување однапред на нашите трансферни цели”, изјави Шу Јухуј.

Шефот на Тјанџин Куанџин додаде дека се водат преговори и со уште еден офанзивен фудбалер, а работите се пред договор. Како што е познато, последните гласини го праќаа Обамејанг во ПСЖ, но интерес за него има и од страна на голем број други европски гиганти, меѓу кои Манчестер Сити и Реал (Мадрид).

Share.

Leave A Reply