Кипчоге оствари рекорд кој нема да биде верификуван

0

Елиуд Кипчоге влезе во историјата како првиот атлетичар кој ја поминал маратонската патека за помалку од два часа.

Тој денеска обезбеди време од 1 час 59 минути и 40 секунди, но, тоа  нема да биде официјален рекорд бидејќи трката беше реалзирана во контролирани услови. Имено, црномурестиот атлетичар истрча четири круга околу паркот „Пратер“ во центарот на Виена со помош на дури 41-ен писмејкер. Тие беа насочувани на патот со помош на возило кое се движеше пред нив.

34 годишниот атлетичар од Кенија имаше сличен обид и пред две години на легендарната патека Монца во Италија, но, не успеа да постигне време под два часа

 

Share.

Leave A Reply